За време на полуфиналето во Лигата на шампионите се случи еден бизарен момент кога ѕвездата на ПСЖ, Марко Верати му рече на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, да замолчи на шпански јазик.
Инцидентот се случи на првиот натпревар на „Паркот на принцовите“ синоќа, кога францускиот тим сѐ уште имаше водство од 1-0. Како и досега, натпреварот се играше без присуство на навивачи, па поради тоа на микрофоните близу теренот лесно можеше да се слушне Верати како довикува нешто на шпански јазик.
Коментаторите на „Скај Спорт Италија“ истакнаа дека тој рекол: „Што сакаш сега? Замолчи!”. Се верува дека ова било насочено кон тренерот на “граѓаните”, Гвардиола, кој во тој момент, барал од судијата да му покаже жолт картон на Италијанецот поради претходно направен фаул.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski