
Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе беше човек на одлука за Пари Сен Жермен на дуелите против Барселона и против Баерн Минхен, но вечерва беше комплетно сопрен од тимот на Манчестер Сити. Пеп Гвардиола добро знае од каде доаѓа најголемата опасност кон голот на Едерсон, постави посебна присмотра за Мбапе, а Рубен Дијас и Кајл Вокер одлично ја завршија работата.
Мбапе вечерва го одигра првиот натпревар во Лигата на шампионите на кој не успеал да упати директен удар кон противничкиот гол. Ова доволно зборува како одиграа дефанзивците на Манчестер Сити против еден од најопасните напаѓачи во европскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
