
Шкендија е нов шампион, сосема заслужено може да се радува на четири кола пред крајот. Вардар е уште „жив“ откако ја победи Беласица, битката за опстанок ќе биде неверојатно возбудлива, но исто така и трката за третото место и излезот на европска сцена. Струга Трим Лум оствари неверојатен триумф во Ѓорче Петров (2-3) со фудбалер помалку.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 29.коло во Првата фудбалска лига.
- ДАВОР ТАЛЕСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Бранеше одлично, успеа со брилијантни одбрани да спаси и кога Ренова можеше да одбрани од белата точка. Со двојна одбрана ги спаси шутевите на Јашароски и на Мишевски. - МЕВЉАН МУРАТИ (ШКЕНДИЈА)
Го најави пресвртот на Шкендија со израмнувачки гол и го трасираше патот кон победата за прослава на шампионската титула. - ВИКТОР ВЕЛКОСКИ (ВАРДАР)
Еден од најискусните во овој тим на Вардар одигра квалитетен меч, спаси неколку ситуации во кои можеше да биде загрозено минималното водство на тимот против Беласица. - БЕСАРТ КРИВАЊЕВА (ШКУПИ)
Беше на висина на задачата во одбраната на Шкупи во триумфот против Работнички. - ДАВИД МАНАСИЕВСКИ (СИЛЕКС)
Младиот играч за врска на Силекс одигра одлично и беше стрелец на погодок во победата против Академија Пандев. - ВИКТОР КРСТЕВСКИ (ВАРДАР)
Ги продолжи надежите на Вардар за опстанок во елитата со победнички погодок против Беласица. - ОМАР ГОУДИЈАБИ (ПЕЛИСТЕР)
Незадржлив за одбраната на Ренова, на неверојатен начин ја наттрча противничката одбрана и го постигна победничкиот гол. - НЕМАЊА БОСАНЧИЌ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Инспиратор на големиот триумф (2-3) на Струга Трим Лум во Ѓорче Петров. Постигна прекрасен гол од слободен удар. - БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
Искусниот стрелец секогаш е на вистинското место кога на Шкендија и е потребен погодок. Тој постигна гол за пресврт против Борец и одигра одличен меч. - МАРЈАН АЛТИПАРМАКОВСКИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Ладен како шприцер при изведување на пеналите против Македонија ЃП. Реализираше двапати, вториот пат во 95.минута и донесе триумф за стружани. - ПЕПИ ЃОРГИЕВ (СИЛЕКС)
Влезе во голгетерска форма и го води тимот на Силекс кон опстанок. Постигна два гола во триумфот (3-2) против Академија Пандев.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: СРЃАН ЗАХАРИЕВСКИ
Пронајде победничка формула за тимот на Струга Трим Лум на клучното гостување кај Македонија ЃП и го врати тимот во трката за третото место. Ниту хендикепот што стружани играа со фудбалер помалку не го спречи да го најде патот за голем триумф во Ѓорче Петров.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид фрли око на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Кукуреља го турна Челси кон ЛШ (ВИДЕО)

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
