Аталанта ја декласира Болоња со 5-0 во Бергамо и го држи курсот за пласман во Лигата на шампионите. Тимот на Синиша Михајловиќ немаше никакви шанси против разиграниот домаќин, а речиси цело полувреме играше и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Џерди Шутен.
Руслан Малиновски ја отвори серијата во 22.минута, а пред крајот на првиот дел Луис Мјуриел зголеми на 2-0 од белата точка. Фројлер и Запата најавија дебакл за Болоња, а конечниот епилог го постави Миранчук.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement