Connect with us

Битка за Европа во Ѓорче Петров

Македонија ЃП има предност од четири бода, а Струга Трим Лум ќе се обиде да победи во директниот дуел и да се доближи до третата позиција која носи пласман во Европа. „Лавовите“ го прегрмеа гостувањето против Работнички, а денеска (13 часот) на домашен терен во Ѓорче Петров најавуваат победа за конечна разрешница на дилемите околу излезот на европска сцена следната сезона.

Капитенот Боби Божиновски е јасен по тоа прашање.

„Одиме на победа против Струга Трим Лум. Веруваме во нашиот квалитет и секако имаме респект за тимот на Струга Трим Лум. Овој новоформиран клуб направи одлични успеси за кусото постоење“, вели Боби Божиновски.

Стружани исто така се надеваат на триумф и враќање на надежите за историски пласман во Европа.

„Во Ѓорче Петров одиме да ја играме нашата игра, нормално се надеваме на три бода и да го продолжиме ритамот што го започнавме”, вели Пајазит Салиу.

Вардар во битката за опстанок е пред императив да ја победи Беласица, а Ренова гостува под „Тумбе кафе“ во Битола. Шкендија ќе слави титула на дуелот со Борец и сака тоа да го направи победнички, а без оптоварување се Шкупи и Работнички кои ќе имаат меѓусебна пресметка на комплексот на ФФМ.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови