
Првенството влезе во својата разрешница, а најтрофејниот македонски клуб Вардар е во максимално незавидна позиција. На претпоследната позиција на табелата, во зоната за испаѓање и веќе нема друг избор за младите вардарци освен да почнат да победуваат. Оваа пролет се резултатски очајни, а ниту младоста и хаосот во клубот не се алиби за убедливите порази.
Отсега секоја грешка ќе значи и сериозно движење по работ од бездната, денеска (13 часот) Вардар едноставно мора да победи ако сака да се надева на опстанок. На Националната арена „Тодор Проески“ гостува Беласица, последнопласираниот тим на табелата. Ако Вардар не може да ги победи и струмичани, тогаш дефинитивно му е местото во Втората лига следната сезона.
Силекс со триумфот од 3-2 над Академија Пандев направи мал чекор напред од опасната зона, а денеска Ренова гостува во Битола и ќе се обиде да освои бодови против Пелистер. И „гипсарите“ се во лоша позиција на првенствената табела.
Шкендија во Тетово има шампионски планови и со триумф ќе ја врати титулата, а Македонија ЃП и Струга Трим Лум играат за излез во Европа во директна пресметка за третото место. „Лавовите“ имаат бодовна предност, а за стружани ова е последниот обид за приклучок.
Шкупи и Работнички се можеби безгрижни, се очекува отворен фудбал и надмудрување на некогашните соработници, Гоце Седлоски и Александар Влахо.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
