Connect with us

Зидан: Не верувам дека Атлетико Мадрид и Барселона ќе ги освојат сите бодови до крајот

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, верува дек Реал Мадрид се уште има шанси за шампионската титула во Ла Лига и покрај ремито без голови против Бетис на синоќешниот дуел.


„Во однос на физичката подготвеност, на овој меч немавме никакви проблеми. Имавме подобар крај отколку на последните натпревари. Не мислам дека конкурентите ќе ги освојат сите бодови на преостанатите средби. Доколку се случи да бидат максимални до крајот, ние нема да бидеме први. Сепак има уште доста да се игра и сè додека имаме шанси не се откажуваме. Бевме квалитетни во одбраната, но точно е дека потфрливме во нападот. Загубивме два бода во битката за трофејот“, изјави Зидан.


Реал Мадрид по 33 одиграни натпревари има освоено 71 бод и е второпласиран на табелата во Ла Лига. Атлетико Мадрид е лидер со 73 бода од 32 натпревари, вечерва му гостува на Атлетик Билбао. Големи шанси за трофејот има и Барселона која досега собра 68 бода од 31 натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови