Баер Леверкузен оствари сигурен триумф (3-1) над Ајнтрахт Франкфурт и уште повеќе ја заплетка борбата во Бундес-лигата за пласман во Лигата на шампионите. Сега Ајнтрахт има само еден бод предност во однос на Борусија Дортмунд на четвртата позиција на три кола до крајот на шампионатот.
Интересно е дека на овој меч немаше голови до 70.минута, а потоа паднаа дури четири. Леон Бејли во 70.минута донесе предност за „фармацевтите“, Лукас Аларио во 80.минута зголеми на 2-0, а во финишот уште два гола, по едне во двете мрежи. Андре Силва намали на 2-1 во 91.минута, а во следниот напад Керем Демирбај го постави конечниот епилог.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski