Пари Сен Жермен оствари планирана победа (1-3) на гости против Мец и се искачи на врвот на табелата во Франција со 72 бода. Само два бода помалку има Лил на второто место, но и меч помалку, утре му гостува на Лион во дербито на колото.
Килијан Мбапе во петтата минута донесе водство за „светците“ и со овој резултат се замина на одмор. Мец успеа да израмни непосредно откако фудбалерите се вратија на теренот во второто полувреме со голот на Фабиен Сентонз. Сепак, Мбапе не дозволи изненадување и многу брзо го врати водството со својот втор гол во 59.минута.
Во финишот, Мауро Икарди се избори за пенал и го реализираше со „паненка“ за конечни 1-3.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski