 
																												
														
														
													Се верува дека Ливерпул е во пол – позиција за доведување на напаѓачот на ПСВ Ајндховен, Дониел Мален, кој се очекува да го напушти холандскиот клуб ова лето.
22-годишниот напаѓач е еден од најдобрите фудбалери во Ередивизие оваа сезона, постигнувајќи 17 голови на 28 настапи. Благодарение на неговата одлична форма, тој веќе го привлече вниманието на Милан, Барселона и Јувентус, но според холандските медиуми, Ливерпул води во трката за неговиот потпис.
Се вели дека ПСВ јасно ставил до знаење дека поранешниот јуниор на Арсенал, Мален може да си замине само за сума околу 25 милиони фунти. Оваа бројка го разбудила интересот на тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, кој сака да го збогати својот тим со уште неколку неколку нови офанзивни играчи за време на летниот трансфер период.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														