Connect with us

Ливерпул го купува Конате од Лајпциг

Германскиот бундеслигаш Лајпциг после Дајот Упамекано останува и без вториот одличен дефанзивец, Ибрахима Конате. Тој по завршувањето на сезоната ќе се пресели во англискиот премиерлигаш Ливерпул. Менаџерот Јирген Клоп оваа сезона има огромни проблеми со одбраната, па сака да ја засили конкуренцијата. Очекувајќи го враќањето на Вирџил ван Дајк следната сезона, Ливерпул ќе го доведе и Конате.

Отштетната клаузула за Конате изнесува 35 милиони евра и раководството на „црвените“ ќе ја активира во летниот проден рок. Францускиот интернационалец ќе потпише петгодишен договор со Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови