Евертон успеа да слави на гости на „Емирати“ против Арсенал со 0-1. Тимот на Микел Артета продолжува со лошите настапи како домаќин. Бразилецот Ришарлисон во 76. минута го постигна победничкиот погодок за Евертон, а му помогна и Бернд Лено со лошата реакција на голот на Арсенал.
Евертон по цели 25 години успеа да го победи Арсенал во Лондон, а со овие три бода останува во трката за излез во Европа иако се уште доцни зад Ливерпул и за Тотенхем.
Претходно, Ришарлсон можеше да биде трагичар. На почетокот на вториот дел направи прекршок за пенал, но по прегледување на ВАР-снимката беше детектиран милиметарски офсајд во почетокот на акцијата на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













