Суперлигата е суспендирана, но претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, сака да ги изгаси сите пламенчиња што се уште горат. Тој најави дека Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан, клубовите кои се уште не се повлекле официјално од Суперлигата, ќе мораат да го сторат тоа доколку следната сезона сакаат да играат во Лигата на шампионите на УЕФА.
„Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан ќе мора да донесат одлука дали се клубови од Суперлигата или се европски клубови. Ако одлучат дека се дел од Суперлигата, тогаш секако не можат да играат во Лигата на шампионите“, изјави Александер Чеферин.
Ова секако ќе предизвика нова голема бура во фудбалска Европа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski