Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс и легенда на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, е обвинет за физички напад над две жени во ноември минатата година.
Гигс е обвинет за вкупно три кривични дела. Ноќта на 1 ноември 2020 година тој и нанесе телесни повреди на 30 – годишна жена, неговата поранешна девојка Кејт Гревил. Истата вечер нападнал 20- годишна девојка, но таа минала без сериозни повреди. Тој е обвинет и за заканувачко однесување и присилна контрола над неговата поранешна девојка во периодот од декември 2017 година до ноември 2020 година. Тој мора да се појави на суд во Манчестер на 28 април и беше ослободен со кауција.
Доколку биде осуден за злоупотреба, на Гигс му се заканува затворска казна од пет години.
Тој не ја водеше репрезентацијата на Велс од апсењето во ноември, а Фудбалската асоцијација потврди дека Гигс нема да биде селектор на претстојниот Европски шампионат. Него го заменува поранешниот селектор на репрезентацијата до 21 година, Роберт Пејџ.
Гигс е во врска со Кејт Гревил од 2017 година. Врската започна осум месеци откако тој се разведе од сопругата Стејси, која осум години ја изневеруваше со сопругата на неговиот брат.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski