Шесткратниот француски првак Бордо се наоѓа во сериозна ситуација и можен банкрот откако американската компанија „Кинг Стрит“ одлучи да се повлече од финансирањето. Поранешниот клуб на Зинедин Зидан има огромни проблеми и би можел да банкротира и да биде испратен во најнизок ранг на натпреварување.
Клубот кој е формиран во 1881 година сега функционира со принудно раководство откако сопствениците, фирмата „Кинг Стрит“ соопшти дека се повлекува. Проблемите за Бордо започнаа поради пандемијата со коронавирусот, но и предвремениот крај на минатата сезона кога клубот загуби огромни финансиски средства.
Бордо последен пат беше шампион на Франција во сезоната 2008/2009 , а Купот на Франција го освојуваше пет пати, последен пат во 2013.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













