Connect with us

Шилегов: Вардар не се враќа под Град Скопје, клубот е приватна сопственост на Сергеј Самсоненко

Град Скопје не може да го врати ФК Вардар, кој е приватна сопственост на Сергеј Самсоненко со долг од околу 3,5 милиони евра, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој ги негираше информациите дека е склучен договор за најтрофејниот македонски клуб да се врати под закрилата на Град Скопје.


„Ние добивме допис, кој е пратен до нас и до ПУИГ, вториот поранешен акционер во ФК Вардар, пратен е и до советниците на Град Скопје. Вардар согласно договорот кој е склучен во 2014 година, е приватна сопственост на Сергеј Самсоненко, т.е. на ракометниот клуб Вардар кој беше основан од него е купен за 5 милиони денари, сите акции. И тоа е приватна сопственост. Таму има една можност тој договор да се раскине ако не се почитува во наредните 10 години, после тоа не може ни да се раскине, значи станува збор за апсолутно приватна сопственост, под услов долговите да бидат на салдо нула. Од она што моментално мене ми е познато, долгот што ФК Вардар го има кон трети лица е околу 3,5 милиони евра. Ние во дописот што го добивме, освен декларативно изразена волја, не добивме досега никаква квалитетна документација којашто ќе ни потврди дека тој долг ќе биде подмирен или дека тој долг се гарантира со нешто, со цел да не направи материјална штета. Ако сега ја разгледаме состојбата, ние треба да вратиме една приватна сопственост со долг од 3,5 милиони евра што ќе бидат на товар на Град Скопје“, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во интервју за „Утрински Брифинг“ на Слободна ТВ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови