Горан Пандев влезе меѓу бесмртните во Серија А, во „клубот 100“ кој е резервиран за имиња од калибарот на Џузепе Меаца, Франческо Тоти, Кристијан Виери, Габриел Батистута… На вчерашниот меч против Беневенто, Пандев постигна два гола и ја заокружи „стотката“ во италијанското Калчо.
Тренерот на Џенова, Давиде Балардини, не штедеше пофалби зборови за „Гранде Мачедоне“.
„Горан е вистински шампион, имаме голема среќа што е дел од нашиот тим. Без сомнение е еден од најдобрите фудбалери и се додека може физички да се носи со помладите, тој ќе ни биде од голема помош“, изјави Балардини.
Шефот на стручниот штаб на Џенова инсистира Горан Пандев и следната сезона да продолжи да игра.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski