Барселона беше дел од здружението на богатите клубови кои се обидоа да формираат Суперлига, но очигледно дека тоа ќе мора да почека подобри времиња затоа што Англичаните експресно се откажаа од проектот под притисок на навивачите. Тренерот на каталонскиот тим Роналд Куман се обиде на свој начин да го одбрани клубот дека поради заработка сака да биде дел од Суперлигата. Тој вели дека и во фокусот на УЕФА се парите.
„И на УЕФА и се најважни парите. Ако не е така, зошто би играле натпревари на секои три дена. Воопшто ниту еден тренер или фудбалер немаат прашано дали воопшто можат да го издржат овој пеколен ритам“, изјави Куман.
Барселона утре го игра мечот против Хетафе како дел од вонредното коло во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













