За време на веќе познатото интервју за шпанската ТВ емисија посветена на фудбалот, “Ел Чирингито”, претседателот на Европската Суперлига, Флорентино Перез не успеа да ги именува сите шест премиерлигашки клубови кои првично се приклучија на лигата. Тој успешно се сети на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул и Челси, но заборави да ги спомене Тотенхем.
Под различни околности, навивачите на Тотенхем веројатно би се налутиле, но со оглед на тоа што мнозинството од нив беа против учеството на “спарс” во ЕСЛ, немаше сериозни реакции од фановите на англискиот клуб на социјалните мрежи.
Сепак видеото стана вирално, како резултат на постојаните “закачки” на Твитер од страна на фановите на клубовите од Премиер – лигата. Многумина се прашуваа што всушност бара Тотенхем помеѓу европската елита, со оглед на тоа што клубот воопшто го немаше во првичниот договор за Суперлигата, потпишан во 2018.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski