Златан Ибрахимовиќ, во својот претпознатлив провоцирачки стил, ги остави фудбалските фановите да дискутираат за неговиот избор претставувајќи го својот тим од соништата на социјалните мрежи.
Интересно, во изборот за најдобрите светски фудбалери на сите времиња на шведската легенда, нема место за имиња како Паоло Малдини, Икер Касиљас, Роберто Карлос, Зинедин Зидан, Андреа Пирло, Алесандро Дел Пјеро, ниту пак за фудбалер од калибарот на петкратниот освојувач на Златната топка, Кристијано Роналдо.
Сепак, без разлика на тоа, неговиот составот изгледа навистина застрашувачки.
ГОЛМАН: Џанлуиџи Буфон
ОДБРАНА: Лилијан Турам, Тијаго Силва, Алесандро Нестa, Максвел
СРЕДЕН РЕД: Патрик Виера, Чави, Павел Недвед
НАПАД: Лионел Меси, Роналдињо, Златан Ибрахимовиќ
ЗАМЕНИ: Жулио Цезар, Андрес Иниеста, Фабио Канаваро, Џенаро Гатузо, Кларенс Сидорф

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













