Јувентус и Милан се последните два клуба кои денес ја напуштија Европската Суперлига. “Јувентус е свесен за намерите одредени клубови да се повлечат од Суперлигата, иако постапките не се сè уште финализирани. Сè уште веруваме во проектот, но сметаме дека сега има помалку можности за негово реализирање”, соопштија од таборот на “старата дама”.
“Гласот и загриженоста на нашите навивачи ширум светот околу проектот за Суперлига беа јасни, а нашиот клуб мора да го послуша мислењето на оние кои го сакаат овој спорт”, порачаа од Милан. Во текот на денот, Атлетико Мадрид и Интер, исто така, го потврдија своето повлекување од новоформираното натпреварување.
Бидејќи сите шест клубови од Премиер – лигата ја напуштија ЕСЛ, шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид се единствените “преживеани” од 12-те основачи кои сè уште не си заминале од контроверзната лига на Флорентино Перез.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski