Connect with us

Сопственикот на Ливерпул: Навивачите ја имаат најголемата моќ, жалам што предизвикав бура

Сопственикот на Ливерпул, Џон Хенри, призна дека погрешил и им се извини на навивачите на клубот што го вплеткал во обидите за формирање на Суперлигата. Тој вели дека Јирген Клоп и фудбалерите немаат ништо со овој проект, речиси и да не биле запознати со случувањата и на себе ја презеде целата одговорност.


„Сакам да им се извинам на сите навивачи на Ливерпул за нарушувањето на мирот што им го предизвикав во текот на претходните два дена. Непотребно е да кажам, но сепак ќе кажам – проектот за Суперлигата никогаш не можеше да заживее без поддршка од навивачите. Никој во Англија не сакаше овој проект да заживее, навивачите покажаа дека не смееме. Слушнавме, ве слушнав”, истакна Џон Хенри.

„Би сакал да им се извинам на Јирген Клоп, стручниот штаб и на играчите затоа што тие работат напорно за да ги направат горди нашите навивачи. Тие немаат никаква одговорност во она што го решивме пред 48 часа. Нивниот мир е најразнишан и целосно беше нефер. Тие работат на тоа да ги израдуваат навивачите секој ден. Пред повеќе од една деценија, кога дојдовме во Ливерпул, ги сонувавме истите соништа како вас, работевме напорно за да го подобриме овој клуб и нашата работа не е завршена. Се надевам дека ќе го разберете тоа, дури и кога ќе направиме грешка, сè што мислиме дека е во најдобар интерес на клубот“.

На крајот, со наведната глава, тој призна дека сега ја разбира моќта на навивачите …

“Сега ве разочарав и затоа ми е многу жал. Јас сум единствената одговорна личност за сè што се случи, за непотребниот хаос. Никогаш нема да го заборавам ова, бидејќи моќта на навивачите беше покажана уште еднаш. Важноста на навивачи и нивните желби и посветеноста кон клубот. Имаме многу тешка година зад нас и никој не остана рамнодушен. Се надевам дека Ливерпул ќе остане на патот кон градење шампионски тим и дека заедно ќе ги живееме нашите соништа”, порача Џон Хенри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови