Connect with us

Откриена вистинската причина: Клубовите од Суперлигата заедно должат 9 милијарди евра!

Англиските клубови го „саботираа“ ексклузивното друштво и се чини дека обидот за формирање на Суперлигата пропадна, а откриена е и единствената намера за создавање на новото натпреварување. „Богатите“ европски клубови се во сериозно долгови. Сите 12 клубови основачи заедно имаат фрапантен долг од неверојатни 9 милијарди евра!


Тотенхем е прв на листата најголеми должници со 1,3 милијарди евра, потоа следи Барселона (1,2 милијарди евра), Манчестер Јунајтед (900 милиони евра), Атлетико Мадрид (900 милиони евра), Реал Мадрид (750 милиони евра)…


Очекуваниот награден фонд на Суперлигата требало да изнесува околу 3,5 милијарди евра, а клубовите би добиле по 350 милиони евра само за учеството.


„Вака веќе не оди, до 2024 година, кога ќе биде реформирана Лигата на шампионите, сите ќе бидеме мртви“, изјави Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, но и на несудената Суперлига.


Токму од овие причини и германските клубови, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, не се придружија на Суперлигата. Тие многу подобро менаџираат со финансиите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови