Connect with us

Ањели не поднел оставка: Се обидуваме да го создадеме најдоброто натпреварување во светот

Пропадна обидот за формирање на Суперлига, барем во својот првичен облик, а претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, беше еден од лидерите на новиот проект заедно со Флорентино Перез од Реал Мадрид. Тој ексклузивно за „Кориере дело спорт“ ги објасни начелата на Суперлигата, но и потенцира дека не поднел оставка.


„Прво, нема закана за настапот во националните шампионати. Навистина, групата од дванаесет клубови ќе продолжи да учествува во националните натпреварувања, како во шампионатот, така и во куповите. Значи, целосно придржување кон она што е национална традиција. Второ: од основањето на Суперлигата, охрабрен е дијалог со институциите ФИФА и УЕФА. Трето, ова што го правиме е совршено легално, ние остваруваме слобода предвидена со начелата на Европската унија и сметам дека ова е особено важно. Четврто, фудбалот доживува огромна криза на привлекување нови симпатизери што особено ги погодува новите генерации. Стадионите се веќе затворени една година. За оние деца на возраст од десет, петнаесет, дваесет години, незадоволството е повеќе од опипливо. Младите луѓе се заинтересирани за други работи. Очигледно , тука влегуваме во макроекономска сфера – овој тажен феномен се забрза заради пандемијата. Петто, тоа е можеби и клучната точка, она што се обидуваме да го организираме е најдоброто натпреварување во светот“, објасни Ањели.


Сепак, Суперлигата е елитистички проект што го искривува фудбалот, претворајќи го од популарен спорт во клуб за богатите.

„Тоа апсолутно не е така. Нашата желба е да создадеме натпреварување што може да донесе придобивки за целата фудбалска пирамида, значително зголемувајќи ја солидарноста дистрибуирана до другите клубови. Натпреварување, потенцирам, кое останува отворено и обезбедува најмалку пет места на располагање на останатите клубови. Сепак, јасно е дека тоа ја урива пирамидата на УЕФА и Лигата на шампионите која веќе не ги задоволува потребите“, дополнува Ањели.


Тој потенцира и дека клубовите речиси сигурно нема да се откажат од идејата за формирање на Европска Суперлига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови