Сите 12 клубови кои ја формираа Европската Суперлигата ќе имаат итен состанок вечерва за да разговараат за нејзино укинување. Прв кој попушти беше Челси, и иако сѐ уште нема официјана потврда, многу веродостојни англиски новинари известија дека “сините” веќе поднеле документација за нивно повлекувањето од ова натпреварување.
Тимот на Роман Абрамович, минатата недела, во последен момент, донел одлука да се приклучи на останатите 11 клубови, а сега жали за тоа и си ја признава грешката, се вели во медиумите. Челси почувствувале дека мора да се симнат од “возот кој не води никаде”.
Не требаше многу време за да почнат гласините за повлекување и на Манчестер Сити. “Граѓаните”, наводно им соопштиле на организаторите дека повеќе не сакаат да бидат дел од Суперлигата, а пак претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не сака влез во ЕСЛ доколку не добие одобрение од акционерите на “Каталонците”.
За работите да станат полоши се погрижија гласините за повлекување и на Атлетико Мадрид, и тоа е најверојатно последната капка и последното нешто што ќе го слушнеме од проектот наречен “Европска Суперлига”.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski