Европската куќа на фудбалот (УЕФА) подготвува финансиски противудар за Европската Суперлига која е во зародиш, а ја формираат 12 клуба од Англија, Шпанија и од Италија. Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челси, Манчестер Сити, Арсенал, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Милан и Интер се оснивачите на Суперлигата, зад која стои американската инвеситициска банка „Џи Пи Морган“ со 6 милијарди евра капитал. Тие планираат од следната сезона да ја напуштат Лигата на шампионите за да играат во сопствено натпреварување и како главна причина ја наведуваат заработувачката.
Сепак, УЕФА подготвува противудар и во напредокот на реформираната Лига на шампиони ќе инвестира околу 7 милијарди евра. Британски инвестициски фонд ќе застане со 4,5 милијарди евра зад УЕФА, а оваа сума би можела да се зголеми и до 7 милијарди евра.
УЕФА и ФИФА им порачаа на клубовите „одметници“ дека ќе ги сносат сите последици доколку одлучат да отстапат и да формираат Суперлига.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski