Македонскиот прволигаш Работнички реагира на наводите на Македонија Ѓорче Петров дека головите ги постигнале од офсајд позиција. Клубот од Дебар Маало вели дека не сака да биде дел од „ВАР на ѓорчепетровски начин“. Во соопштението на ФК Работнички се вели:
ФК Работнички ги отфрла наводите на ФК Македонија Ѓорче Петров дека двата гола кои нашиот тим ги постигна на неделното градско дерби (2-2) на Националната арена „Тодор Проески“ се од наводна офсајд позиција. Не сакаме да бидеме дел од „ВАР на ѓорчепетровски начин“, според кој се даваат произволни и субјективни оценки за делењето правда, а особено доколку на тој начин се дискредитира реалниот квалитет на ФК Работнички.
Македонија Ѓорче Петров во никој случај не е компетентна, ниту пак има адекватна позиција согласно прикажаниот видео-материјал да даде проценка дали постигнатите голови на ФК Работнички се од наводна офсајд позиција. Доколку малку подобро ја реализирале арбитражата на натпреварот ѓорчепетровци ќе можат да најдат неколку ситуации каде се најдоа во сериозно повластена ситуација.
Ги повикуваме клубовите што сакаат да прават притисок на Судиската организација и да си „нарачаат“ добро судење за наредните неколку кола до крајот на првенството во Првата лига, тоа да не го прават на грбот на ФК Работнички. Нашиот клуб секогаш се залага за правда на теренот и вон него и правично судење на фудбалските натпревари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski