Connect with us

Госенс: Луѓе умираат за леб, а тие прават Суперлига и можат да си ја пикнат во задникот

Фудбалерот на Аталанта, Робин Госенс, жестоко го критикуваше создавањето на Европската Суперлига.

„Ова е катастрофа за фудбалот! Шокиран сум што ова е реалност. Во моментов фудбалот е повеќе бизнис, отколку спорт. Фактот дека во фудбалот има аутсајдери е во срцето на оваа игра. Ако има Суперлига, во која Арсенал и Тотенхем имаат гарантирани места, а не ги заслужиле, тогаш фудбалот ги урива своите темели”, изјави Госенс.

Тој вели дека клубовите ја гледаат само заработката додека дел од нивните навивачи немаат што да јадат во периодот на пандемија.

„Луѓето умираат низ светот поради недостаток на пари, а 12 клуба си прават сопствена лига и ќе заработуваат по 400 милиони евра. Можам да им порачам дека можат да си ги стават во задникот. Тоа не е етички. Се надевам дека многу фанови ќе застанат против ова и секако би учествувал во таков протест”, дополни германскиот репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови