Меѓународните фудбалски институции се обединети во борбата против одвојувањето на набогатите клубови во Европа во новоформирана Суперлига. Претседателот Џани Инфантино јасно им порача на оснивачите на Суперлигата дека ќе мораат да си ги сносат последиците.
„ФИФА никако не одобрува создавање на затворени продавници каква што е Суперлигата. Ова значи разидување со надлежните институции, федерациите, УЕФА и ФИФА. Ако некои одберат да тргнат по сопствен пат тогаш ќе мораат и да живеат со последиците од нивниот избор. Тие се одговорни за своите избори. Или ќе бидат со нас или нема да бидат. Не може да седиме на две столчиња. Многу тоа ќе биде фрлено во вода за некои да имаат краткорочна финансиска добивка“, изјави Џани Инфантино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













