
Фудбалот мора да се менува, вели Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид, но и на новоформираната Европска Суперлига. Тој во интервју за „Ел Чирингито“ откри дека и на Балканот се подготвува нова лига, а слично подготвуваат и земјите на Бенелукс.
„УЕФА мора да разбере дека фудбалот во Европа се промени и дека некои земји сакаат и други натпреварувања. Слушам дека Скандинавците сакаат да направат лига, Балканците исто така, а и земјите од Бенелукс…Сакаат да го променат фудбалот затоа што тој умира во една ваква ситуација“, изјави Флорентино Перез, потенцирајќи дека лично им гарантира на фудбалерите дека нема да бидат суспендирани за настап во националните репрезентации.
На Балканот многу одамна кружи идејата за формирање на Балканска лига. Најголеми противници беа Србите и Хрватите, но доколку Суперлигата го направи првиот чекор во Европа, тогаш ќе биде многу полесно и за сите останати. Во заговорите за формирање на Балканска лига како претставник на Македонија редовно се споменува името на Вардар, но сега најтрофејниот македонски клуб е во очајна финансиска ситуација и организациски хаос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
