Менаџерот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса, е жесток противник на идејата за формирање на Европска Суперлига. Тој мисли дека ова ново натпреварување сериозно ќе му наштети на фудбалот во целина, но и потенцира дека тоа е огледало на денешниот свет во кој сите само гледаат како да заработат повеќе пари.
„Секако дека тоа му штети на фудбалот. Богатите клубови мислат дека никој друг не им е потребен и размислуваат само како да заработат повеќе пари. Но, тоа не треба да не изненади. Тоа е слика на денешниот свет во кој сите само мислат на парите. Фудбалот не е исклучок. Така, богатите стануваат уште побогати, а сиромашните уште повеќе осиромашуваат“, изјави Марсело Биелса.
Фудбалерите на Лидс Јунајтед на синоќешниот натпревар од Премиер – лигата против Ливерпул излегоа на загревање со маици на кои стоеше пораката: „Лига шампиони. Заслужете си го местото. Фудбалот е за навивачите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













