
Работнички има задоцнет финиш за излез во Европа, но во тимот има фантастични млади фудбалери кои котираат одлично и на европскиот трансфер пазар. После Лука Станковски, кој блесна есента и договорен е негов трансфер во италијанскиот клуб Монца на Силвио Берлускони, пролетва фантастични игри прикажува неговиот брат Марио Станковски.
Откако доби шанса да биде стартер, Марио Станковски редовно се запишува меѓу стрелците. На вчерашното дерби против Македонија ЃП постигна прекрасен гол со глава израмнувајќи на 2-2, а уште неколкупати сериозно го загрози голот на „лавовите“.
Брз, робусен, со вродено чувство за постигнување голови, одличен и при креирањето шанси за соиграчите, Марио Станковски се наметнува како еден од најдобрите напаѓачи во македонскиот шампионат. Со играта против Македонија ЃП го заслужи епитетот на МАКФУДБАЛ за најдобар играч на 28.коло во Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички
