 
																												
														
														
													Шкендија е на чекор до нова шампионска титула, Гоце Седлоски ја оствари дебитанската победа на клупата на Шкупи, а Македонија ЃП освои важен бод на арената против Работнички и има пол-позиција за третото место. Струга Трим Лум лесно го доби Пелистер и се уште има надежи за излез во Европа.
Ренова оствари супер-важна победа во трката за опстанок, а Александар Васоски со Академија Пандев глатко го победи „својот“ Вардар. Ќе биде жестоко во битката за опстанок до самиот крај, а Вардар е силно во вртлогот.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 28.коло во Првата фудбалска лига.
- КРИСТИЈАН НАУМОВСКИ (ШКУПИ)
 Ја сочува мрежата во Велес, делуваше сигурно, а Шкупи ја оствари првата победа под водство на Седлоски.
- БАШКИМ ВЕЛИЈА (РЕНОВА)
 Одигра квалитетен натпревар, сигурен во одбраната, амбициозен и во офанзивните задачи.
- НЕТО (ШКУПИ)
 Стандардно добар во дефанзивата, а „скокна“ и до нападот да го постигне победничкиот гол за Шкупи во Велес.
- ФЕРНАНДО АУГУСТО (МАКЕДОНИЈА ЃП)
 Постигна прекрасен гол од слободен удар и одигра одличен меч против Работнички.
- ЃОРЃИ СТОИЛОВ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
 Беше една од доминантните фигури во средниот ред на Академија Пандев, постигна и гол против Вардар.
- ФЉАМУР ТАИРИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
 Капитенот на стружани го диктираше ритамот на играта на тимот во убедливиот триумф над Пелистер, постигна и еден погодок.
- ФАТЈОН ЈУСУФИ (РЕНОВА)
 Одигра многу квалитетно, постигна прекрасен гол против Силекс, во директна орба за опстанок.
- ЛУКА СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
 Големиот талент потсети на сиот свој раскош. Одличен во средниот ред на Работнички, но и стрелец на гол против Македонија ЃП.
- РОБСОН ДА СИЛВА (МАКЕДОНИЈА ЃП)
 Постигна прекрасен гол со удар од далечина против Работнички, еден од неговите специјалитети.
- МАРИО СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
 Игра во врвна форма во последните неколку кола, повторно беше одличен, постигна супер-гол со удар со глава против Македонија ЃП.
- РУБИН ХЕБАЈ (ШКЕНДИЈА)
 Напаѓачот на Шкендија го отвори резултатот против Беласица, беше перманентна опасност по голот на домаќинот.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЌАТИП ОСМАНИ (РЕНОВА)
Пронајде начин како Ренова да го надигра Силекс и да оствари многу важна победа во трката за опстанок. Ги мотивираше максимално своите фудбалери кои постигнаа два гола во првиот дел и го контролираа резултатот се до самиот финиш.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														