Македонскиот прволигаш Работнички го именуваше Александар Влахо за нов шеф на стручниот штаб. Раководството на клубот одлучи да му даде нова шанса на Влахо да застане на кормилото на тимот и да го води во пролетниот дел од првенството.
„Влахо е млад, квалитетен и мошне амбициозен тренер кој заслужува да добие нова шанса на клупата на Работнички. Раководството на клубот има максимална доверба во неговиот капацитет, тој и во претходниот престој покажа дека е голем работник и потполно се вклопува во стратегијата на клубот за форсирање млади и талентирани фудбалери. Тој многу добро ја знае атмосферата во Работнички и му посакуваме многу успех на кормилото на тимот“, вели претседателот на клубот, Драган Поповски, за официјалниот сајт на клубот.
Александар Влахо беше на клупата на Работнички на почетокот на сезоната 2019/20, претходно има големо искуство како дел од стручниот штаб на Вардар во најплодниот резултатски период, како и интернационално искуство од Динамо Загреб, Рига и од Широки Бријег.
„Сакам да искажам благодарност до раководството на Работнички за новата соработка, за мене е голема чест да го предводам тимот, но секако и голема обврска. Можам да ветам напорна работа, со надеж за добри резултати во пролетниот дел од сезоната кои ќе го одведат тимот кон горниот дел од табелата во Првата лига“, истакнува новиот шеф на стручниот штаб, Александар Влахо.
Работнички ќе ги стартува зимските подготовки на 8. јануари, со почеток во 12 часот во клупската база.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Веќе немавме сили, многу сме истрошени
Евро-фудбал
Спалети: На моменти играта ни беше срамна
Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Ќе помине и овој тежок период
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













