Шкендија лесно ја совлада Беласица со 0-3, но и Шкупи победи на дебито на Гоце Седлоски против Борец во Велес. Работнички и Македонија ЃП одиграа рафаел дуел и ремизираа 2-2, а Струга Трим Лум славеше против Пелистер 2-0.
Академија Пандев со 3-0 го победи Вардар и го втурна во уште полоша ситуација кон дното на табелата.
Рубин Хебај донесе водство, Валмир Нафиу зголеми на 0-2, а третиот гол за Шкендија беше дело повторно на Хебај.
Шкупи во финишот го скрши отпорот на Борец и оствари минимален триумф (0-1) со голот на Нето Бианор во 79.минута.
Работнички и Македонија ЃП играа рафално во првиот дел кој заврши 2-2, а „романтичарите“ од 66.минута останаа со играч помалку поради исклучувањето на Методи Максимов.
Робсон да Силва донесе водство за „лавовите“ во седмата минута, но три минути подоцна израмни Лука Станковски со удар со глава. Во 17.минута, Фернандо Аугусто од слободен удар се погрижи за 1-2, но Марио Станковски со убав гол со глава израмни во 30.минута.
Струга Трим Лум со 3-0 го победи Пелистер, а сите три гола беа постигнати во вториот дел. Емир Скендери го отвори резултатот, Марјан Алтипармаковски зголеми на 2-0, а Фламур Таири од пенал го постави конечниот резултат.
Академија Пандев со 3-0 го совлада Вардар. Марјан Радески од пенал донесе предност за домаќинот во 14.минута, Марио Крстовски во 28.минута зголеми на 2-0, а Ѓорѓи Стоилов од пенал седум минути подоцна ги разреши дилемите. Првиот удар Филип Илиќ го одбрани, но одбиената топка Стоилов ја испрати во мрежата.
ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ – 28.КОЛО
БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0-3
БОРЕЦ – ШКУПИ 0-1
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-2
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ПЕЛИСТЕР 3-0
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР 3-0
ВЧЕРА: РЕНОВА – СИЛЕКС 2-1
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski