Шкупи со нов тренер, четврти оваа сезона, ќе се обиде да го задржи второто место на табелата во Првата лига. Трката за шампионската титула е веќе загубена, а Гоце Седлоски дебито ќе го има на дуелот против Борец во Велес. На домашниот тим му се потребни бодови за опстанок, а Седлоски сигурно ќе сака победнички да ја стартува одисејата во тимот од Чаир.
Работнички на арената „Тодор Проески“ ја пречекува Македонија ЃП. Посакува на крајот да го земеме токму третото место што го чуваат „лавовите“ и капитенот Горан Силјановски вели дека ова е последниот воз за „романтичарите“ за Европа.
„Мечот против Македонија ЃП е како финале за нас. Ако сакаме да се надеваме на излез на европска сцена, да се обидеме да се искачиме на третото место на табелата кое носи во Европа, тогаш утрешниот меч е последниот воз. Македонија ЃП има солидна бодовна предност на третата позиција и јасно е дека ни е потребна победа за да се доближиме бодовно. Свесни сме за значењето на натпреварот, верувам дека сите ќе го дадеме максимумот и ќе се обидеме да го надиграме противникот за кој имаме максимален респект“, вели капитенот Горан Силјановски.
Интересно ќе биде и во Струга. Таму домаќинот го пречекува Пелистер, а стружани исто имаат амбиции за излез на европска сцена.
„Играме против тим кој е цврст во одбраната, но мислам дека ќе успееме да ги пробиеме и да ги освоиме трите бода“, изјави Филип Миленковски, играчот за врска на Струга Трим Лум.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski