 
																												
														
														
													Ренова оствари многу важна победа (2-1) против Силекс во воведниот натпревар од 28.коло во Првата фудбалска лига. Беше ова еден од директните дуели за опстанок во елитното друштво, па по овој триумф „гипсарите“ имаат 31 бод и ја напуштија опасната зона на табелата.
Шефит Шефити во 12.минута зафати полуволеј и ја затресе мрежата на Даниел Божиновски, а кон крајот на првиот дел Фатјон Јусуфи зголеми на 2-0 со прекрасен шут од 18 метри.
Силекс се врати во игра во финишот со голот на Иван Галевски во 90.минута, но кратовци не успеаја да стигнат и до реми.
 
												
																					
				Advertisement
				
			
		- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
				Advertisement
				
			
					
				Advertisement
				
			
		 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														