
Работнички утре на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Македонија ЃП во еден од најважните мечеви во пролетниот дел од сезоната. Победата е приоритет за „романтичарите“ доколку сакаат да го задржат чекорот во трката за излез во Европа. Македонија ЃП во моментот се наоѓа на третата позиција на табелата која носи излез на меѓународна сцена.
Капитенот Горан Силјановски вели дека фудбалерите на Работнички се свесни за тежината на натпреварот и ќе сторат се за да дојдат до целта.
„Мечот против Македонија ЃП е како финале за нас. Ако сакаме да се надеваме на излез на европска сцена, да се обидеме да се искачиме на третото место на табелата кое носи во Европа, тогаш утрешниот меч е последниот воз. Македонија ЃП има солидна бодовна предност на третата позиција и јасно е дека ни е потребна победа за да се доближиме бодовно. Свесни сме за значењето на натпреварот, верувам дека сите ќе го дадеме максимумот и ќе се обидеме да го надиграме противникот“, изјави капитенот Горан Силјановски за официјалниот сајт на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
