Connect with us

Агуеро доаѓа како слободен агент, ама бара огромна плата

Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро заминува од Манчестер Сити на крајот на сезоната како слободен агент и затоа бара огромна плата од својот иден клуб. Барселона е најзаинтересирана за неговите услуги, но нема да биде нималку лесно да се ангажира Агуеро. Причината е секако од финансиска природа.

Агуеро бара годишна плата од 11 милиони евра, без бонуси, комплетно гарантирана и без да зависи од бројот на натпревари шти би ги одиграл за тимот. Оваа сезона тој многу често се повредува, па тоа ќе биде и своевиден ризик за клубот што ќе реши да го ангажира.

Покрај Барселона, интерес за Серхио Агуеро покажуваат и Пари Сен Жермен, Челси и Јувентус.

Агуеро во Манчестер Сити заработува 13 милиони евра годишно, а оваа сезона одигра само 514 минути во дресот на „граѓаните“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови