Барселона ќе има многу поширок ростер за финалето на Купот на Шпанија против Атлетик Билбао. На списокот на тренерот Роналд Куман се најдоа и дефанзивецот Жерар Пике, како и напаѓачот Ансу Фати кои кои ги пропуштија претходните натпревари поради повреди.
Сепак, Фати сè уште нема дозвола од лекарскиот тим за да настапи од стартот на натпреварот со оглед дека се мачи со повредата на менискусот на коленото.
Пике нема настап за Барселона од 3. март, а во последните пет месеци одигра само пет натпревари за каталонскиот тим.
Финалниот меч од Купот на Шпанија меѓу Барселона и Атлетик Билбао ќе се одигра утревечер во Севилја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













