
Шкендија e на чекор до освојување на титулата, може да го заокружи новиот успех уште на неделниот дуел против Беласица, а Ернест Ѓока заслугите им ги припишува на фудбалерите.
„Одушевен сум од формата на тимот, од пристапот на фудбалерите кон играта. Победуваме, ги освојуваме бодовите и сакам така да продолжиме до крајот на сезоната. Секако, главните заслуги одат за фудбалерите кои се движечка сила на успесите на Шендија. Сега не очекува дуел со Беласица и верувам дека повторно ќе одговориме на предизвикот иако имаме напорен ритам на натпревари во шампионатот“, вели тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.
Бесарт Ибраими беше стрелец на победничкиот гол против Академија Пандев, а в недела ќе гостува на стадионот „Младост“ на дуел со Беласица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
