
Како што одминуваат годините тој е се подобар. Пркоси на природата, со 37 години го игра можеби и најдобриот фудбал во кариерата. Искуството го прави своето, Горан Пандев постигна решавачки голови за фудбалската репрезентација на Македонија. Ја одведе на Европско првенство со победничкиот гол против Грузија во плејофот, а потоа ја затресе и мрежата на Тер Штеген во сензационалниот триумф на Македонија во Дуисбург.
„Мојата следна цел е да одиграм добро на Европското првенство. Толку долго го чекав тој момент, Македонија да се пласира на едно големо натпреварување и сега сакам да уживам. Се надевам дека ќе одиграме добри натпревари против Австрија, Украина и против Холандија“, вели капитенот на националниот тим.
Тој се уште не е до крај сигурен и дали ќе се пензионира на крајот од оваа сезона. Секако сака да остане во фудбалот и понатаму.
„Се уште не знам што ќе работам по завршувањето на кариерата, малку сум неодлучен. Сигурно дека сакам повеќе да се посветам на семејството. Сакам повеќе време да минеме заедно, затоа што многу често сум бил отсутен. Секако и сакам да останам во фудбалот, тоа е единствената работа што знам добро да ја работам“, истакнува Пандев.
„Гранде Мачедоне“ ги издвои и трите гола кои му се најдраги во Калчото.
„Мои најубави голови во Италија се лоб ударот против Верона во дресот на Џенова, како и два гола што ги имам постигнато против Јувентус. Оној гол во дресот на Лацио кога ги минав Турам, Канаваро и го совладав Буфон и уште еден гол против Јуве, во дресот на Наполи“, вели најдобриот македонски фудбалер во интервју за италијанските медиуми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Евро-фудбал
Ливерпул: Скршени сме од болка

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
