Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг потврди дека се наоѓа во болница во Лондон бидејќи заболел од маларија. Напаѓачот напиша на Инстаграм дека се заразил за време на репрезентативната пауза во Габон.
„Ви благодарам за сите пораки и повици. За жал, се разболев од маларија додека бев со националниот тим во Габон пред неколку седмици. Веќе неколку дена сум во болница и веќе се чувствувам многу подобро благодарение на одличните лекари кои брзо го детектираа вирусот и ме лекуваа. Не се чувствував добро во последно време, но ќе се вратам посилен од кога било досега”, напиша капитенот на “топџиите”.
Обемајанг не беше дел од тимот кој патуваше за гостинскиот напревар против Славија Прага, но Арсенал се чини дека се справи одлично без него, славејќи со 4-0. Благодарение на вкупниот резултат од 5-1, тие се пласираа во полуфиналето од Лигата на Европа каде ќе се сретнат во Вилјареал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













