Connect with us

Ја претепал девојката поради Балотели

Италијанец може да заглави 13 години во затвор затоа што физички ја нападнал својата девојка, а „виновник“ е контроверзниот фудбалер Марио Балотели. Момчето чие име засега не е објавено во медиумите неколкупати ја тепал својата девојка затоа што бил љубоморен на нејзиното дружење со Марио Балотели.


Весникот „Ла Република“ пишува дека неименуваниот маж бил уверен дека девојка му има нешто повеќе со Балотели од обично пријателство. Тој бил љубоморен на нејзината дружба со славниот фудбалер. Балотели неколкупати ја заштитил девојката.

Насилникот еднаш е веќе осуден со две години затвор поради физички напад на претходната девојка. Новото насилство може да му донесе затворска казна до 13 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови