
Баерн Минхен размислува за ангажирање на Масимилијано Алегри како замена за Ханси Флик. Италијанскиот медиум “Спортмедијасет” тврди дека баварците, кои ќе се разделат со Флик по завршување на сезоната, сметаат дека Алегри е вистинскиот човек кој би го заменил германскиот стратег.
Се верува дека главната цел на Баерн Минхен е тренерот на Лајпциг, Џулијан Нагелсман, но сега во трка за кормилото на „Алијанц арена“, влегува и поранешниот тренер на Милан и на Јувентус.
Пред неколку седмици, Масимилијано Алегри изјави дека му недостига работата и дека е подготвен да се врати на тренерскиот занает по пауза од две години. Во трка за него се и Интер, но и поранешниот клуб Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal