Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус покажува интерес за голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, објави „Газета дело спорт“. Агентот Мино Раиола го посети Торино и имаше состанок со спортскиот директор на „бјанконерите“, Фабио Паратичи, а главна тема е ситуацијата со Донарума во Милан.
„Росонерите“ и голманот сè уште не можат да се договорат за продолжување на договорот. Клубот му нуди на италијанскиот репрезентативец плата од 8 милиони евра годишно, но агентот на Донарума бара дури 12 милиони евра.
Јувентус тука ја гледа шансата да преземе акција и да го доведе одличниот голман во Торино.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski