Шкендија е на чекор до шампионска титула, Беласица го шокираше Шкупи, па Македонија ЃП може да го загрози и второто место на тимот од Чаир.
Пелистер со супер – пресврт го совлада Силекс, Вардар и Ренова поделија по бод во битката за опстанок, а истото го сторија и Струга ТЛ и Работнички во обидот за излез во Европа.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 27.коло во Првата фудбалска лига.
- АЛЕКСАНДАР ВУЛИЌ (БЕЛАСИЦА)
Командуваше со одбраната на Беласица која успеа да ја сочува мрежата на тешкото гостување против Шкупи. - БЕНЈАМИН ДЕМИР (БЕЛАСИЦА)
Го постигна победничкиот гол за Беласица за изненадување на колото. - ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Можеби одбраната на Пелистер не беше најконцентрирана на стартот, но затоа Драгарски погоди во нападот и го врати својот тим во игра за голем триумф. - КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Одличен во дефанзивата, многу често и со организаторски способности во тимот на Струга ТЛ - АЛДАИР НЕТО (ПЕЛИСТЕР)
Постигна прекрасен гол за триумф на Пелистер, одличен во средниот ред на битолскиот тим. - ФИЛИП МИЛЕНКОВСКИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Стрелец на гол за Струга ТЛ во пресметката против Работнички. - МАРТИН МИРЧЕВСКИ (ВАРДАР)
Ја сочува надежта на Вардар за опстанок во елитата на дуелот со Ренова. - БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
Најдобриот стрелец погоди за триумф против Академија Пандев и ја доведе Шкендија на чекор до титула. - МАРИО СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Го извлече Работнички од бездната во Струга и ги сочува надежите за излез во Европа. - САМИР ФАЗЛИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Двоен стрелец за Македонија ЃП, донесе триумф кој го трасира патот на „лавовите“ дури и кон второто место на табелата. - ПЕПИ ЃОРГИЕВ (СИЛЕКС)
Двоен стрелец за Силекс, одличен реализатор, но, за жал, добрата игра не ја зачини и со победа.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: АНДРЕЈ ЧЕРНИШОВ
Прва победа за Чернишов на клупата на Беласица, и тоа огромно изненадување, против Шкупи во Скопје. Одлично ја постави играта на својот тим, цврсто во одбраната, со брзи противнапади го загрозуваше противничкиот гол.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski