
Реал Мадрид ќе игра против Челси во полуфиналето на Лигата на шампионите откако го преживеа „Енфилд Роуд“ играјќи 0-0. Капиталот од првиот меч (3-1) во Мадрид беше сосема доволен за „кралевите“ рутински да се пласираат во следната рунда.
Зидан го „измисли“ Валверде на десната бековска позиција, стоперите Милитао и Начо уште еднаш беа одлични, а феноменален на голот беше и Тибо Куртоа кој одбрани се што дојде како опасност кон неговиот гол.
Салах и Милнер се заканија во првиот дел, но ја немаше онаа фурија на Ливерпул од минатата сезона.
Манчестер Сити и вторпат ја совлада Борусија Дортмунд со 2-1, овојпат и во Германија. Иако младиот Џуд Белингам донесе предност за „милионерите“ по 15 минути, сепак, во вториот дел „граѓаните“ направија пресврт. по играњето со рака на Емре Џан во шеснаесетникот беше досуден пенал, а го реализираше Ријад Махрез во 55.минута. Дваесет минути подоцна, Фил Фоден со прекрасен удар погоди од далечина за конечни 1-2. Манчестер Сити во полуфиналето ќе игра против Пари Сен Жермен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
