
Пелистер сака да се врати на победнички патеки по поразот од Работнички, а денеска (13 часот) под „Тумбе кафе“ во Битола гостува Силекс во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Пелистер со триумф веројатно би расчистил голем дел од дилемите околу опстанокот, а Силекс е во налет по успесите во низа. Голманот Давор Талевски очекува неизвесен натпревар, но и радост за битолчани.
„Овој натпревар е еден вид бараж и за нас и за нив. Во игра се значајни бодови и токму поради тоа верувам дека ќе биде позатворена игра. Од самиот почеток треба да дадеме до знаење дека одиме на победа. Се надевам на три бода и да продолжиме каде што застанавме со Вардар. Против Работнички не одговоривме на задачите онака како што треба, но секоја екипа има падови. Очекувам почеток на нова позитивна серија до крајот на првенството. Покажавме карактер оваа полусезона и овој натпревар е позначаен за нас, отколку за Силекс. Тие се во добра серија, но се ќе зависи само од нас“, вели Давор Талевски.
Вардар и Ренова исто така ќе имаат пресметка за опстанок, а во Струга домаќинот и Работнички ќе разигруваат околу можноста за излез во Европа. Третото место сепак го чува Македонија ЃП која денеска во Ѓорче Петров го пречекува Борец.
Лидерот Шкендија во Тетово го пречекува тимот на Академија Пандев, а Шкупи е домаќин на Беласица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
