Connect with us

МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горан Симов (Силекс)

По големиот успех со пласманот во финалето на Купот на Македонија, Силекс го декласираше Вардар на домашен терен во Кратово со 6-0, во директната пресметка за бегство од опасната зона на табелата. Уште од самиот почеток кратовци наметнаа пеколен ритам кој младите вардарци не можеа да го издржат.

Симов постави висок пресинг кој им создаде многу проблеми на противниците, па се редеа шанси и голови пред Филип Илиќ. Да не беше и тој расположен за одбрани, Вардар можеше во Кратово да загуби и со двоцифрен резултат.

Доминацијата и убедливиот триумф во еден од решавачките натпревари за Силекс за опстанок во елитата, на Горан Симов му го донесе изборот за најдобар тренер за 26.коло во Првата лига, според МАКФУДБАЛ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови